Ekipa
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Скандалот со млекото за бебиња, кој погоди триесет земји, продолжува да се шири бидејќи француската млекара Лакталис (Lactalis) повлече милиони производи на глобално ниво, поради страв од контаминација со салмонела, јавува Anadolu Agency (AA).
Лакталис претходно повлече неколку милиони млечни производи. Компанијата го прошири повлекувањето на сите производи произведени од февруари оваа година во фабриката во градот Карон, во северна Франција.
Во соопштението, Лакталис им се извинува на клиентите и наведува дека епидемијата започнала откако фабриката во Креон била реновирана оваа година.
Француските здравствени власти објавија дека 26 деца се разболеле во декември, и дека случаите се поврзани со производите на Лакталис.
Симптомите на инфекцијата со салмонела вклучуваат стомачни грчеви, дијареа и треска. Повеќето луѓе се опоравуваат без лекување.
Повлекување на производите овој месец имаше во Велика Британија, Грција, Кина, Пакистан, Бангладеш, Мароко, Судан, Перу и Колумбија.