Ekip
24 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ИЗЈУМ (АА) - Масовна гробница со 436 тела е пронајдена во градот Изјум, во украинскиот регион Харков, известува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за тела на лица кои се убиени од страна на руската Војска за време на окупацијата на градот Изјум.

На фотографиите направени на откриената локација може да се видат екипи на форензичари кои ги извлекуваат телата од гробницата и ги носат во вреќи.
Покрај гробницата можат да се видат запалени свеќи, како и верски службеник кој ги „испраќа“ мртвите.