Ekipa
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека меѓународната заедница мора да остане мобилизирана за мирна иднина на Либан, јавува Anadolu Agency (AA).
Макрон се обрати на почетокот на денешниот собир на светските дипломати во Париз, чиј фокус ќе биде кризата во Либан.
Тој истакна дека поддршката е најдобриот бедем против нестабилноста и оти светот мора да стори сѐ за да ја зголеми поддршката на безбедноста, но исто така и да обезбеди хуманитарна и економска поддршка.
Макрон истакна дека Либан е кревок, но е од голема важност.
Францускиот претседател рече дека сака да нагласи најкатегорично, дека проблемите во регионот нема да се решаваат еднострано или со наметнување моќ.
Според него, регионот може да се врати во рамнотежа ако го поддржи плурализмот. На крајот, тој посочи дека Либан е модел за ова.