Elena Trenchevska Chekovic
02 Декември 2025•Ажурирај: 04 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро танцуваше на ремикс од својот говор за време на собирот организиран од неговата партија во главниот град Каракас, јавува Анадолу.
Мадуро се појави непланирано и им се обрати на поддржувачите, кои се собраа на настан за положувањето заклетва на челниците на боливарските заедници.
За време на неговиот подготвен говор, претседателот, исто така, повика на мир и подобри односи со Соединетите Американски Држави (САД).
Симпатизерите присуствуваа на собирот за да ја покажат својата поддршка за Мадуро, кој и понатаму е на власт и покрај долготрајната економска и политичка криза во земјата. Настанот заврши со говорот на претседателот и присутните кои танцуваа на музичката верзија од неговите претходни говори.