Aldıjana Hadzıc
09 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
МАДРИД (АА) - Во Мадрид, главниот град на Шпанија, се одржа трката на дедо мразовци, во која се тркаа неколку илјади учесници, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку илјади луѓе од сите генерации и пол, ја истрчаа патеката во должина од 5,5 километри. Меѓу дедо мразовците имаше и деца облечени во зелени костими на џуџиња.
Трката на дедо мразовци секоја година се организира од различни причини, а организаторите тврдат дека е најголема од тој вид во светот.
Приходот од овогодишната трка ќе биде дониран на невладина организација која се залага за борба против карциномот.