Ekipa
11 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
КАИРО (АА) - Либиската крајбрежна стража пресретнала 180 мигранти во Средоземното Море само еден ден откако запре над 150 мигранти на два други брода, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека бродот, чиишто патници се 31 жена, 12 деца и 137 мажи, бил запрен вчера на брегот на западниот либиски град Хомс.
Мигрантите потоа биле однесени во поморската база во Триполи.
Либија се наоѓа во нестабилност од побуната во 2011 година. Нестабилната ситуација оваа земја ја прави популарен пат до Европа за мигрантите кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и на Блискиот Исток.
Со помош на Европа, Либија активно работи на спречување на протокот на мигранти.