Mücahit Aydemir
11 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Шефот на Владата на либиското национално единство утре ќе допатува во посета на Турција, изјави владиниот портпарол за Агенција Анадолија (АА) доцна синоќа.
Мухамед Хамуде изјави дека делегацијата на високо ниво предводена од Абдул Хамид Дбеибе ќе вклучува пет вицепремиери и 14 министри, како и челникот на Генералштабот, генерал Мухамед ал Хадад, заедно со други официјални претставници.
Хамуде рече дека посетата ќе се фокусира на враќањето на различните партнери во услужниот сектор, како што се енергетиката и здравството, како и враќањето на турските компании и продолжување на нивните активности кои беа запрени поради кризата во земјата.
Покрај тоа, во изјавата на Либискиот претседателски совет се вели дека Дбеиба и делегацијата ќе разговараат за договорите меѓу Либија и Турција и за подобрување на соработката меѓу двете земји во различни области.
Како резултат на гласањето на членовите на форумот за Либиски политички дијалог, кој се состана во Швајцарија на 5 февруари под раководство на ОН, Мухамед ал Менфи беше избран за претседател на Претседателскиот совет, а Абдул Хамид Дбеиба за премиер до одржувањето на изборите закажани за 24 декември.