Mahmut Geldi
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
БЕЈРУТ (АА) – Повторно е одложена истрагата за причините за експлозијата на пристаништето во Бејрут, што се случи во август минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истрагата е одложена откако било побарано да биде разрешен од должноста судијата кој работел на истрагата.
Адвокатите на поранешниот министер за финансии, Али Хасан Халил, и поранешниот министер за јавни работи и транспорт, Гази Зуајтир, поднесоа тужба против истражниот судија Тарик Битар, барајќи тој да биде сменет, јави официјалната државна агенција (ННА).
Истрагата за експлозијата на пристаништето во Бејрут е одложена до донесувањето на одлуката на Апелациониот суд.
Судијата Битар издаде налог за притвор на поранешниот министер за финансии Али Хасан Халил, кој не присуствуваше на последното судење, пред да биде побарано неговото „отфрлање“.
Бившиот министер за финансии Халил моментално е член на Парламентот како заменик на Движењето на шиите „Амал“.
Во август минатата година избувна пожар во складиштето со експлозив на пристаништето во Бејрут, а потоа се случи многу силна експлозија што го погоди целиот град.
Повеќе од 200 луѓе загинаа во експлозијата, повеќе од 6.000 беа повредени, а 300.000 луѓе се раселени поради експлозијата.
Експлозијата, која предизвика огромна штета во главниот град на Либан, се случи во моментот кога земјата беше во економска криза, во екот на борбата со пандемијата на коронавирусот.