свет

Легендарниот босански музичар Халид Бешлиќ погребан на гробиштата Баре во Сараево

Денес, Сараево достоинствено и емотивно се збогува со човекот кој со својот глас и песна одбележа децении на музичката сцена, но исто така остави неизбришлив белег во срцата на луѓето поради неговата добрина, скромност и човечност.

Elvır Hodzıc  | 13.10.2025 - Обновена : 14.10.2025
Легендарниот босански музичар Халид Бешлиќ погребан на гробиштата Баре во Сараево

САРАЕВО (АА) - Денес во Сараево е погребан Халид Бешлиќ, една од најомилените музички легенди на Босна и Херцеговина и регионот, кој почина на 7 октомври 2025 година на 72-годишна возраст, извесетува Анадолу.

Погребната молитва се одржа во џамијата Гази Хусрев-бег, со голем број присутни верници, а потоа погребот беше извршен на гробиштата Баре.

Денес, Сараево достоинствено и емотивно се збогува со човекот кој со својот глас и песна одбележа децении на музичката сцена, но исто така остави неизбришлив белег во срцата на луѓето поради неговата добрина, скромност и човечност.

Илјадници луѓе се упатија по патот од Башчаршија до Баре за да ја следат колоната што го носеше ковчегот на Халид Бешлиќ и на свој начин да му оддадат почит.

Претходно во Сараевскиот национален театар се одржа свечена комеморација на која присуствуваа членови на семејството, пријатели, колеги, соработници, како и бројни претставници од културниот и политичкиот живот. Поради големиот интерес на јавноста, комеморацијата беше емитувана и преку LED екрани поставени на театарскиот плоштад „Сузан Сонтаг“.

Градоначалникот на Сараево, Самир Авдиќ, рече дека народот денес се збогува со човек чие име и дело ги надминуваат границите на музиката.

„Халид не беше само пејач. Тој беше симбол на Босна и Херцеговина, Сараево, на нашиот дух, нашиот непокор и добрина. Роден меѓу народот, тој остана со народот, секогаш скромен, свој и, пред сè, човек“, рече Авдиќ.

А Бешлиќ зборувааа бројни јавни и културни работници и неговите пријатели, меѓу кои и Емир Хаџихафизбеговиќ, Назиф Гљива, Миро Лазовиќ, Осман Џихо, Харис Џиновиќ, Адемир Кеновиќ, Енис Бешлагиќ, Елвир Швракиќ, Фахрудин Пецикоза и Дино Мерлин, истакнувајќи ја неговата големина, искреност, скромност и несебичност.

Неговата хуманост беше особено нагласена, што го потврдуваат повеќе од 500-те хуманитарни концерти што ги одржа во текот на својата кариера.

По повод неговата смрт, денешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина и Дистриктот Брчко.

Во повеќе од сто градови во регионот и во светот се одржаа комеморативни собири како израз на почит и благодарност кон Халид Бешлиќ, чија музика ги поврзуваше луѓето и генерациите.

Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1952 година во Кнежина во близина на Сребреница. Тој беше еден од најпознатите изведувачи на народна музика на просторот на поранешна Југославија, чии дела оставија неизбришлив белег во музичката и културната историја на ова подрачје.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın