Dmitri Chirciu
24 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, реагира против одлуката на Европскиот парламент (ЕП) да ја признае Русија како „земја спонзор на тероризмот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров во изјава за државниот телевизиски канал „Росија-1“ говореше за одлуката на ЕП.
„Мислам дека ова е очигледно за секого со здрав ум, но јас немам медицинско образование“, рече шефот на руската дипломатија.
Од друга страна, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во врска со ова прашање истакна: „Предлагам да се признае Европскиот парламент како „спонзор на глупоста“.“
Инаку, Европскиот парламент вчера ја усвои нацрт-резолуцијата со која Русија се признава како „земја која го поддржува тероризмот“ со обвинение за „извршување нечовечки и сурови дела“.