Dmitri Chirciu
30 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во однос на повикот на Хафтар за подготовка за војна, рече дека треба да се блокираат напорите за враќање во воените дејствија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров и либискиот министер за надворешни работи, Мухамед Тахир Сијала, одржаа заедничка прес-конференција по нивниот состанок во главниот град Москва.
Коментирајќи го повикот за војна на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот на Либија, Лавров рече:
„Неопходно е да се охрабрат сите страни за да се воспостави дијалог и да се спречат напорите да се вратат во воениот дискурс, особено во воени дејствија“, нагласи Лавров.
Потсетувајќи дека Турција и Русија во главниот град Москва разговарале за решавање на либиското прашање, Лавров нагласи: „Во овој поглед, соработката меѓу Русија и Турција придонесе страните во Либија и соседите на оваа земја да присуствуваат на Берлинската конференција. А тоа овозможи да се прифати документот за Либија.“
Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка, Лавров, посочувајќи дека постои потенцијал за конфликт во овие региони, истакна:
„Ова е резултат на геополитичките експерименти на Западот со кои има обид да се искористат процесите на Арапската пролет.“
Во врска со палестинското прашање, Лавров рече: „Постојат ризици да не успее политичкото решение за ова прашање. Ситуацијата е многу сериозна. Како и во други случаи, потребна е лидерска улога на Обединетите нации за продолжување на директните преговори меѓу Палестинците и Израелците.“
Либискиот министер за надворешни работи, Мухамед Тахир Сијала, истакнувајќи дека Владата на национална единство во Либија е одговорна за заштита на главниот град Триполи и на сите други градови во земјата, рече: „Ние ги предупредуваме страните да ги избегнуваат напорите за повторно разгорување на војната.“