свет

Лавров: „НАТО нема да прифати мораториум за нуклеарките“

„НАТО јасно стави до знаење дека ќе го отфрли предлогот на Москва за објавување мораториум за распоредување на нуклеарни ракети со среден дострел“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров

Elena Teslova  | 08.11.2019 - Обновена : 09.11.2019
Лавров: „НАТО нема да прифати мораториум за нуклеарките“

МОСКВА (АА) - „НАТО јасно стави до знаење дека ќе го отфрли предлогот на Москва за објавување мораториум за распоредување на нуклеарни ракети со среден дострел“, изјави денес рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Владимир Путин претходно предложи мораториум на распоредувањето нуклеарни боеви глави во Европа и другите региони.

Говорејќи на Московската конференција за непролиферација, Сергеј Лавров потсети дека Москва побарала од САД да прогласи мораториум на распоредувањето на овие проектили, откако Вашингтон официјално се повлече од Договорот за нуклеарни сили за среден опсег (INF) во месец август.

„Претседателот Путин во личните пораки до лидерите на државите на земјите членки на НАТО и земјите од азиско-пацифичкиот регион упати повик да се приклучат кон мораториумот за распоредување копнена опрема за ИНФ. Немаше јасен одговор од Северноатлантската алијанса. Туку, укажано ни е сами да разбереме дека НАТО нема да го прифати тоа“, рече Лавров.

На 2 август, САД и официјално се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF), по повеќемесечната војна со зборови помеѓу Москва и Вашингтон. Подоцна, истиот месец, САД тестираа ракета која претходно, според договорот, беше забранета.

Инаку, Договорот беше потпишан во 1987 година од страна на тогашниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, и американскиот претседател Роналд Реган, со цел намалување на можноста за избивање нуклеарна војна во Европа.

Според Договорот, двете страни го уништија целиот арсенал на ракети од среден и краток дострел во период од четири години.

Меѓународните набљудувачи стравуваат од нова трка со вооружувањето во отсуство на овој Договор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın