Hakan Çopur
24 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Главниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, изјави дека договорот меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) треба „да ја зголеми веројатноста ОАЕ да купат Ф-35“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кушнер, кој гостуваше во емисијата на Фаред Закарија на „Си-ен-ен“, се осврна на договорот помеѓу Израел и ОАЕ.
Тврдејќи дека договорот ќе даде голем придонес за мирот на Блискиот Исток Кушнер изјави дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе долго време сакаат да купат воени авиони Ф-35 од САД.
Нагласувајќи дека Иран загрижен за оваа продажба, Кушнер рече: „Вистината е дека овој нов мировен договор треба да ја зголеми веројатноста за купување на овие авиони, но во овој момент тоа сè уште се оценува.“
Кушнер, исто така, истакна дека евентуалната продажба на Ф-35 е можна само по релевантните проценки на Пентагон и Стејт департментот.
Во информација на „Си-Ен-Ен“ објавена минатата недела се тврдеше дека Кушнер лобирал во Вашингтон за да се продаде Ф-35 на ОАЕ, а институциите поврзани со Пентагон се чувствувале непријатно од оваа ситуација.
Американскиот претседател Трамп во својата изјава пред неколку дена рече дека прашањето за евентуална продажба на Ф-35 на ОАЕ се оценува.