Bahtiyar Abdülkerimov
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба истакна дека планираниот петти пакет санкции на ЕУ кон Русија во сегашната форма е недоволен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Објавувајќи видео порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер, министерот Кулеба потсетувајќи дека Европската унија работи на петтиот пакет санкции планирани против Русија во последните недели, нагласи: „Петтиот пакет санкции во неговаата сегашна форма, не е соодветен одговор на руската агресија и рускиот криминал.“
Кулеба наведувајќи дека е запознаен за она што вклучува планираниот пакет, истакна дека доколку биде прифатен како што е во сегашната форма, тогаш ќе мора јавно да се произнесат и да направат објективна проценка за несоодветниот одговор на актуелната ситуација.
Тврдејќи дека санкциите на ЕУ против Русија треба да се зголемат, Кулеба нагласи дека петтиот пакет санкции на ЕУ треба да вклучи повеќе руски банки кои се отсечени од SWIFT, мерки за воведување ембарго на руската нафта, гас и јаглен и затворање на пристаништата на ЕУ за руските бродови и стоки.
Претходно Кулеба упати апел до земјите од Г7 во врска со намерните убиства на цивили од страна на руската армија во регионот на Киев, и побара да се воведат нови „деструктивни санкции“ кон Русија.