Elena Teslova
27 Декември 2024•Ажурирај: 02 Јануари 2025
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денес изјави дека нема да коментира за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ во Казахстан до крајот на истрагата која моментално е во тек, јавува Анадолу.
„Само руските воздухопловни власти можат да споделат некои информации поврзани со инцидентот“, рече Песков на брифингот со новинарите во Москва.
„Истрагата за авионската несреќа е во тек, а додека не се извлечат заклучоците од истрагата, не сметаме дека имаме право да даваме проценки и нема да го правиме тоа. Во исто време, имаме наши воздухопловни власти кои можат да го направат тоа, а некои информации можат да бидат само од нив“, изјави тој.
Авионот на „Азербејџан ерлајнс“, кој патувал од Баку до градот Грозни во руската Чеченска Република, во средата се урна со 67 патници во близина на Актау, лоциран на брегот на Каспиското Море.
Казахстанските власти соопштија дека 38 лица загинале во несреќата, додека 29 преживеале.