Elena Teslova
02 Декември 2022•Ажурирај: 04 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Русија не е подготвена за преговори со Соединетите Американски Држави (САД) ако условот е повлекување од Украина, но рускиот претседател Владимир Путин останува отворен за контакти, соопшти денеска Кремљ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дмитри Песков даде изјави еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека е подготвен да разговара со рускиот претседател доколку покаже интерес да стави крај на војната што започна во февруари.
„Специјалната воена операција продолжува. Но секако, најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства“, рече Песков на брифинг со новинарите во Москва.
Тој потсети дека Путин пред да ја започне својата „специјална воена операција“, се обидел мирно, преку дипломатски напори да ја намали загриженоста, но неговата иницијатива не наишла на разбирање во САД, НАТО и Организацијата за соработка и безбедност во Европа.
Песков додаде дека „одбивањето на САД да ги признаат новите руски територии“ ја отежнува потрагата по заедничка основа, мислејќи на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Украина, каде што во септември се одржаа референдуми кои беа наречени лажни од Западот.