Emre Gürkan Abay
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека безбедноста во Европа нема да се зголеми доколку Шведска и Финска влезат во НАТО, и рече дека НАТО не е сојуз кој обезбедува мир и стабилност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков, во изјавата за медиумите во главниот град Москва, ја оцени можноста Шведска и Финска да влезат во НАТО, што се наоѓа на дневен ред во последно време.
Посочувајќи дека НАТО е инструмент за конфликт, Песков рече: „НАТО не е сојуз кој обезбедува мир и стабилност. Алијансата е инструмент за конфликт. Понатамошното проширување на Алијансата сигурно нема да ја зголеми безбедноста во Европа.“
Во својот говор на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на 7 април, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека војната во Украина може да трае со месеци, па дури и со години, и дека доколку Финска и Шведска сакаат да бидат вклучени во Алијансата, ова барање ќе биде исполнето по брза постапка.