Burç Eruygur
15 Декември 2023•Ажурирај: 16 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Кремљ објави дека одлуката на Европскиот совет да започне преговори за приклучување во Европската Унија (ЕУ) на Украина и Молдавија, а на Грузија да ѝ одобри статус на кандидат претставуваат обид да се изнервира Русија, пренесува Анадолу.
„Таквиот чекор во голема мерка е заснован на желбата Русија уште повеќе да се изнервира и ги антагонизира овие земји кон Русија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Одлуката за почнување на преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во ЕУ Песков ја опиша кака „апсолутно исполитизирана одлука“ и додаде дека овој чекор потенцијално би можел да ја дестабилизира ЕУ.
„ЕУ отсекогаш имала доста строги критериуми за влез, а во овој момент, очигледно е дека ниту Украина, ниту Молдавија, не ги исполнуваат тие критериуми. ЕУ веќе сега не минува низ најдобрите времиња во својата историја, и од аспект на функционирањето и од економски аспект“, нагласи Песков.
Тој додаде дека Москва внимателно го следи развојот на настаните во тој поглед.
Европскиот совет вчера го отвори патот за проширување на 27-члениот Блок, најавувајќи го почетокот на пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и доделувањето статус на кандидат на Грузија.