Ülviyya Amuyeva,Ekip
16 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Северноатлантскиот сојуз де факто влезе во судирот во Украина, но тоа не влијае на целите на Руската Федерација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„НАТО де факто веќе влезе во украинскиот судир. Но, тоа на ниеден начин не влијае на сите наши цели и претпоставки, односно операцијата продолжува и ќе биде завршена до крај“, рече денес Песков во емисија на ТВ-каналот Русија-1, пренесоа руските медиуми.
Според Песков, помошта од НАТО за Украина значително ја комплицира ситуацијата, и истакна дека потенцијалот на Руската Федерација овозможува „специјалната операција“ да продолжи под овие услови.