Hakan Çopur
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
ВАШИНГТОН
Поради пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), во виртуелно опкружување започна Конгресот на Демократската партија на САД на која официјално Џо Бајден ќе биде промовиран во кандидат на партијата на престојните претседателски избори во САД закажани за ноември, известува Агенција Анадолија (АА).
Конгресот на Демократската партија кој претходно беше закажан да се одржи во градот Милвоки во американската Сојузна држава Висконсин, започна во виртуелно опкружување.
Конгресот, на кој голем број познати личности на различни теми ќе говорат во знак на поддршка на Бајден, ќе трае 4 дена. Овој Конгрес е прва партиска конвенција во американската политичка историја што се одржува во виртуелно опкружување.
По завршните говори што ќе се одржат во четврток, Бајден ќе ја прифати кандидатурата за демократски претседателски кандидат од својот дом во државата Делавер.
Главната тема на демократите на 4-дневниот Конгрес е да се порази актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.
Во текот на конгресот, свое обраќање во виртуелно опкружување ќе имаат личносите како што се поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, претседателката на Демократската партија во Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, лидерот на Сенатот Чак Шумер и Хилари Клинтон, кандидатката за претседател на демократите во 2016 година.
Се очекува и Републиканската партија официјално да го промовира Трамп за претседателски кандидат на 27 август, по конвенцијата што ќе се одржи во виртуелно опкружување заради пандемијата на Ковид-19.
59-тите претседателски избори во САД ќе се одржат на 3 ноември (вторник) 2020 година.