Aldıjana Hadzıc
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Во Москва, главниот град на Русија, се одржува фестивалот „Комик Кон“, посветен на индустријата на компјутери и компјутерски игри, модерни технологии, костими, стрипови и интерактивна забава, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот, именуван „MCC2018“ (Москва Комик Кон 2018) отворен е на 22 декември (сабота) и привлече бројни фанови од сите делови на светот кои ги сакаат стриповите, научната фантастика, најновите технологии, но и ентузијастите од анимираниот свет, игрите, е-спортовите и слично.
Москва е дестинација на многу гејмери, а во текот на два дена тие ќе имаат можност да ги прикажат своите вештини во натпреварите против другите играчи.
Исто така, ќе бидат организирани и натпревари на кои ќе се бираат најдобриот костим и шминка. Ќе бидат организирани и работилници во кои ќе учествуваат и посетителите, имајќи можност да научат нешто ново.
Предвиден е и простор за семејства, каде што најмладите ќе можат да играат и да се забавуваат.
Покрај работилници, планирани се и средби со руски и странски автори, разговори, натпревари, ревии, турнири во киберспорт, интерактивна забава, како и зони за фотографирање.