свет

Комичарот Владимир Зеленскиј победи на претседателските избори во Украина

- Според националните излезни анкети, Зеленскиј победи на овие избори освојувајќи 73,2 отсто од гласовите, додека Порошенко ја доби довербата на 25,3 отсто од гласачите.

Ali Cura  | 21.04.2019 - Обновена : 22.04.2019
Комичарот Владимир Зеленскиј победи на претседателските избори во Украина ( Vladimir Shtanko - AA )

КИЕВ

Според излезните анкети, во вториот круг од претседателските избори во Украина најмногу гласови доби комичарот Владимир Зеленскиј, победувајќи на овие избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Заврши процесот на гласање во вториот круг од претседателските избори во Украина, кои се одржаа откако заврши мандатот на Петро Порошенко.

Гласачките кутии беа затворени во 20:00 часот по локално време, додека за претседателската позиција се натпреваруваа двајца кандидати, односно моменталниот претседател Петро Порошенко и комичарот Владимир Зеленскиј.

Според националните излезни анкети, Зеленскиј победи на овие избори освојувајќи 73,2 отсто од гласовите, додека Порошенко ја доби довербата на 25,3 отсто од гласачите.

„Тоа го реализиравме заедно“, истакна Зеленскиј по објавувањето на излезните анкети и упати благодарност до сите.

Според изборниот законик на земјата, по завршувањето на процесот на гласање во вториот круг на претседателските избори, официјалните резултати треба да се објават најдоцна до 1 мај.

Кандидатот кој победи на изборите, до 31 мај ќе положи заклетва и ќе започне да ја извршува претседателската функција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın