Cüneyt Karadağ
20 Февруари 2021•Ажурирај: 21 Февруари 2021
БЕРЛИН
Во градот Ханау, во Германија, одржана е комеморација во знак на сеќавање на деветте жртви од расистичкиот и терористички напад кој се случи во тој град на 19 февруари 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во обраќањето по тој повод изјави дека требаат решени сите прашања кои стојат зад расистичкиот и терористички напад кој се случи во тој град.
Порача дека државата е должа да ги расветли сите прашања кои и понатаму се без одговор.
„Тоа е обврска на нашата држава кон јавноста, а посебно кон семејствата на жртвите. Само во мерка во која таа обврска е извршена и понуден одговор на прашањата кои се без одговор, изгубената доверба може да се поврати. Затоа мораме да вложиме многу напор околу тоа. Сите тука имаме одговорност колку и државата", рече Штајнмаер.
Истакнувајќи дека нападот на Ханау длабоко е врежан во сеќавањето на луѓето, Штајнмаер рече дека секој мора да чувствува длабока болка и тага поради она што се случило.
Додаде дека е свестен дека и покрај сите преземени позитивни чекори, мерките кои државата ги преземала и понатаму ќе бидат мета на критиките и дебатите.
„Како претседател не сум тука бидејќи пронајдов одговори на сите овие прашања. Она што тука ме донесе е длабока тага која ја чувствувам поради неможноста кон вашите најблиски да биде исполнето ветувањето на нашата држава за заштита, сигурност и слобода. Тоа секако влијае на вашата доверба кон оваа држава, нашата држава, вашата држава. Не би требале да бидеме рамнодушни кон ова, бидејќи на државата и треба доверба. Правосудството и полицијата имаат потреба од доверба", рече Штајнмаер.
Тој нагласи дека совесните луѓе во Германија сакаат да живеат заедно во мир.
„Никој не сака да прави поделби на „нас" и „нив". Луѓето сакаат да бидеме „ние" и затоа се борат да спречат омраза, насилство и непочитување во целата земја. Веруваат дека можеме да бидеме различни без чувства на страв и да живееме заедно без страв едни од други", рече Штајнамер, додавајќи дека убиствата во Ханау не беа случајни.
„Дали помина тагата? Дали болката помина? Дали исчесна бесот? Имаме ли одговори на сите прашања? Апсолутно не. Но јас сум тука како претседател и имам едно барање: не дозволувајте овој злобен чин да не раздели. Да не ги занемаруваме злобните духови, омразата, понижувањето, рамнодушноста меѓу нас. Веруваме во добриот дух на нашата земја и сила да го сочуваме единството", рече на крајот германскиот претседател.
Екстремистот Тобијас Ратхјен, на 19 февруари изведе оружен расистички и терористички напад врз два угостителски објекти во Ханау и уби девет лица. Ратхјен по нападот се врати во станот во кој првин ја усмрти својата мајка, а потоа изврши самоубиство. Во нападот се убиени Мерцедес Кирпач, Седат Курбуз, Ѓокан Ѓултекин, Хамза Куровиќ, Ферхат Унвар, Калојан Велков, Вили Виорел Паун, Саид Несар Хашеми и Фатих Сарачоглу.