Gülşen Topçu
09 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
РАМАЛА (AA) – Заменик-министерот за надворешни работи на Палестина, Тајсир Јарадат, соопшти дека Колумбија ја признала Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Јарадат во изјава за AA рече дека поранешниот претседател на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, пред истекот на мандатот во писмо што му го дал на палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, рекол дека е објавена одлука за признавање на палестинската држава.
Заменикот на палестинскиот министер е задоволен со оваа одлука на Колумбија, истакнувајќи дека таа е резултат на палестинската дипломатија.
Додаде дека Малики кон средината на август ќе го посети Парагвај и се надева дека таа земја ќе ја признае Палестина.
Според податоците на Министерството за надворешни работи на Палестина, оваа земја ја признале 139 земји.
Новиот претседател на Колумбија, Иван Дуке, вчера положи заклетва и свечено го презеде четиригодишниот мандат на функцијата шеф на државата.