свет

Ковид-19 во Латинска Америка: Во Бразил починаа 1.541 лице, во Мексико 877

- По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.323.696 лица претходно позитивни на Ковид-19.

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 26.02.2021 - Обновена : 27.02.2021
Ковид-19 во Латинска Америка: Во Бразил починаа 1.541 лице, во Мексико 877

БОГОТА

Во земјите на Латинска Америка продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.541 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 251.498. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19, изнесува 65.998, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 10.390.461.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.323.696 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 877 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 8.462 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 183.692 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.069.370, а досега оздравеа 1.620.008 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 145 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 51.795. Во истиот период детектирани се 8.234 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.093.645.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.887.847 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 136 лица, така што вкупниот број смртни случаи се искачи на 59.260.

Во последните 24 часа детектирани се 3.683 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.241.225. Во оваа земја досега оздравеа 2.138.193 лица заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 220 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.744 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.308.722, од кои починаа 45.903 лица, а оздравеа над 1.210.749 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 137 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 20.310.

Во истиот период регистрирани се нови 4.181 случај на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 812.344, а оздравеа вкупно 770.190 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 30 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.103.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 246.822, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.577. Досега оздравеа 191.081 лице позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.