Riyaz Khaliq Khaliq
14 Август 2023•Ажурирај: 15 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Кинескиот министер за одбрана, Ли Шангфу, ќе ги посети Русија и Белорусија, пренесува Анадолу.
„Ли ќе присуствува на 11. Московска конференција за меѓународна безбедност што ќе се одржи утре“, соопшти потполковникот Ву Чиан, портпарол на кинеското Министерство за одбрана. Се очекува тој да разговара и со неговиот руски колега Сергеј Шојгу и со други официјални претставници.
Ву истакна дека шефот на кинеската одбрана, исто така, ќе ја посети Белорусија до викендот за да реализира „состаноци и разговори со белоруските државни и воени лидери, и да ги посети белоруските воени единици“.
Посетата доаѓа на покана на белорускиот министер за одбрана, Виктор Хренин.