свет

Кина: Холандија не презема одговорност за кризата во снабдувањето со полуспроводници

- Холандската Влада кон крајот на септември презеде контрола врз „Нексперија“, наведувајќи загриженост за можен трансфер на технологија кон „Вингтек“.

Berk Kutay Gökmen  | 31.12.2025 - Обновена : 01.01.2026
Кина: Холандија не презема одговорност за кризата во снабдувањето со полуспроводници

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес ја обвини Холандија дека не покажува „никакво чувство на одговорност“ во врска со кризата во глобалниот синџир на снабдување со полуспроводници, за која Пекинг ја обвинува холандската „интервенција“ во работењето на производителот на чипови „Нексперија“, јавува Анадолу.

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија изјави дека Пекинг повторно нагласил оти „несоодветното административно мешање“ на холандската страна во внатрешните работи на „Нексперија“ ја активирало глобалната криза во синџирот на снабдување со полуспроводници, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.

„Збунувачки е што, соочена со широко распространетата загриженост и вознемиреност во глобалната индустрија, холандската страна останува рамнодушна и продолжува по својот пат, без никакво чувство на одговорност за безбедноста на глобалната индустрија за полуспроводници и нејзините синџири на снабдување ниту, пак, презема какви било суштински чекори“, изјави портпаролот.

Тој додаде дека Пекинг повторно ја повикал Холандија „да се воздржи од самоволно дејствување, веднаш да ја поправи својата грешка и да ги отстрани сите пречки што ги загрозуваат стабилноста и безбедноста на глобалната индустрија за полуспроводници и синџирите на снабдување“.

„Нексперија“ е производител на полуспроводници и странска подружница во сопственост на кинеската компанија „Вингтех технолоџи Ко.“.

Холандската Влада кон крајот на септември презеде контрола врз „Нексперија“, наведувајќи загриженост за можен трансфер на технологија кон „Вингтек“. За оваа цел, таа првпат ги активираше овластувањата од холандскиот Закон за достапност на стоки, со кој се блокираат управувачките одлуки што се сметаат за закана по холандската и европската безбедност.

Овој потег следуваше по предупредувања од САД во врска со врските на „Нексперија“ со Кина.

„Вингтех“ ја нарече интервенцијата на холандската Влада во „Нексперија“ „прекумерно мешање предизвикано од геополитичка пристрасност“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın