Emre Aytekin
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
АНКАРА
Во Кина е усвоена уредбата со која се предвидува да се спротивстави на санкциите со кои државата беше на удар од различни причини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на локалните медиуми, Постојаниот одбор на Националниот народен конгрес го донесе т.н. „Закон за санкции“.
Уредбата има за цел да воспостави правна основа за преземање мерки против обидот на другите држави да наметнат санкции на Кина.
Интересно е дека уредбата е усвоена истиот ден кога во Лондон се одржува Самит на земјите Г7, предводен од Соединетите Американски Држави (САД), со кои Кина е во затегнати односи.
Кина во последно време е во затегнати односи со САД и западните држави поради тврдењата за кршење на правата над муслиманското малцинство Ујгури кое живее во автономниот регион Ксиџијанг и поради активностите кои се сметаат за закана за безбедноста на Тајван и другите региони.
САД, Велика Британија, Канада и земјите членки на Европската Унија (ЕУ) одлучија да ѝ воведат санкции на Кина на почетокот на оваа година поради случувањата во кинескиот автономен регион Ксиџијанг во кој живеат Ујгурите.