İdris Sülün
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Жанг Џун, постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации (ОН), изрази надеж дека американскиот претседател Џо Бајден ќе ја спроведе својата изјава дека нема намера да започне „нова студена војна“ со Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставникот Жанг Џун зборуваше на прес-конференцијата одржана преку интернет по состанокот на лидерите на Генералното собрание на ОН која заврши во понеделникот.
Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД )треба да го избегнат својот „конфронтирачки став против Кина“ и „провокативните напади“, Жанг рече дека очекуваат Бајден да постапи според своите изјави дека не сака нова студена војна со Кина.
Постојаниот претставник исто така додаде дека искрено се надеваат дека САД ќе ја напуштат логиката за студената војна.
„Верувам дека може да се постигне здрав и стабилен кинеско-американски однос ако двете страни се движат по вистинскиот пат. Во спротивно, грижите ќе продолжат да постојат“, нагласи Жанг.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги предупреди Кина и САД за студената војна и побара од нив да ги поправат своите лоши односи.