Riyaz Khaliq Khaliq
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Кина денес ги повика САД да обезбедат „потребни услови“ за следната фаза од ангажманот меѓу лидерите на двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Кина се надева дека САД ќе го применат консензусот постигнат меѓу претседателите на двете земји во нивните телефонски разговори“, рече Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
На почетокот на септември, претседателот Си Ѓинпинг и неговиот американски колега Џо Бајден имаа телефонски средби на кои дискутира по многу прашања, по кои дадоа уверување дека двете водечки светски економии ќе одржат повеќе искрени размени и конструктивни дијалози за да се избегнат недоразбирања, погрешни проценки и неочекувани конфликти.
Кинескиот весник „Глобал тајмс“ објави дека портпаролот Венбин го повикал Вашингтон да направи политички подготовки за следните дискусии, додавајќи дека Пекинг очекува американската страна да ги „обезбеди неопходните услови за следната фаза на дискусии меѓу двајцата лидери“.
Кинескиот претседател Си тврдеше дека кинеската политика „прифатена од САД некое време предизвикала сериозни потешкотии во кинеско-американските односи.“
Повикот за „применување на консензус“ постигнат меѓу двајцата лидери доаѓа откако кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји му рече на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека билатералните односи меѓу земјите во изминатите неколку години претрпеле сеопфатно влијание поради погрешната кинеска политика што ја спроведуваат САД.
„САД неразумно се мешаа во внатрешните работи на Кина“, рече Ванг.
Двајцата официјални претставници се сретнаа вчера во Рим на маргините на самитот на Г20.
Кинескиот министер за надворешни работи рече дека сегашниот американски Конгрес вовел повеќе од 300 анти-кинески нацрт-закони, а САД вклучиле повеќе од 900 кинески субјекти и поединци во различни списоци на еднострани санкции, што сериозно ја нарушило нормалната билатерална размена.
„САД, исто така се обидуваат да ја потиснат Кина на глобално ниво со мали закрпи, па дури и вршат притисок врз голем број мали и средни земји“, изјави Ванг.
„Овие практики не се во согласност со интересите на народите на двете земји, не се во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, не се во согласност со актуелниот тренд на развој и оттука Кина го изразува своето јасно противење“, додаде тој.