Mutlu Demirtaştan
05 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Квалификациите за Европскиот фудбалски шампионат 2020 продолжуваат со натпреварите од 5. коло, пишува Anadolu Agency (AA).
Од 5 до 7 септември на програмата се натпреварите од 5. коло од квалификациите за учество на ЕУРО 2020, најпрестижното европско фудбалско натпреварување на репрезетативно ниво.
Денеска во рамките на квалификациите ќе се одиграат 9 средби. Во групата Г, репрезентацијата на Северна Македонија му гостува на Израел. Натпреварот, кој почнува во 20:45 часот, е од големо значење за репрезентацијата на Северна Македонија за да остане во игра за пласман на ЕУРО 2020.
За денеска се закажани натпреварите:
Група Д
20:45 Ирска - Швајцарија
20:45 Гибралтар - Данска
Група Ф
20:45 Романија - Шпанија
20:45 Норвешка - Малта
20:45 Фарски Острови - Шведска
Група Г
20:45 Израел - Северна Македонија
Група Ј
18:00 Ерменија - Италија
20:45 Финска - Грција
20:45 БиХ - Лихтенштајн
За 6 септември (петок) се закажани 9 натпревари во рамките на 5. коло од квалификациите за ЕУРО 2020.
Дерби на колото е утрешниот дуел меѓу репрезентациите на Германија и Холандија во рамките на групата Ц. Натпреварот ќе се одигра во германскиот град Хамбург, со почеток во 20:45 часот.
Распоред на натпреварите закажани за утре, 6 септември:
Група Ц
18:00 Естонија - Белорусија
20:45 Германија - Холандија
Група Е
20:45 Велс - Азербејџан
20:45 Словачка - Хрватска
Група Г
20:45 Словенија - Полска
20:45 Австрија - Летонија
Група И
18:00 Кипар (Грчки дел) - Казахстан
20:45 Шкотска - Русија
20:45 Сан Марино - Белгија
Со 7 натпревари што ќе се одиграат на 7 септември (сабота) завршува 5. коло од квалификациите за ЕУРО 2020. Во периодот од 8 до 10 септември ќе се играат натпреварите од 6. коло.
На 7 септември (сабота) се среќаваат:
Група А
15:00 Косово - Чешка
18:00 Англија - Бугарија
Група Б
18:00 Литванија - Украина
20:45 Србија - Португалија
Група Х
20:45 Исланд - Молдавија
20:45 Турција - Андора
20:45 Франција - Албанија