Tayfun Salcı
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот пејач Елтон Џон ја прекина турнејата по Јужна Америка и се врати во својата земја на лекување бидејќи се заразил со бактерија којашто има смртоносно дејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Менаџерот на Џон соопшти дека познатиот музичар кон крајот на турнејата по Јужна Америка се заразил со бактерија поради којашто два дена бил на интензивна нега. Менаџерот соопшти дека Елтон Џон бил принуден да ја прекине турнејата и да се врати во Британија, каде што ќе го продолжи лекувањето.
Се дознава дека британската музичка ѕвезда ги откажала и деветте концерти кои планирал да ги одржи во САД.
Не се дадени подетални информации за која бактерија станува збор, а се навеува дека 70-годишниот британски пејач на сцената ќе се врати по 3 јуни.
Британецот кој ја носи титулата сер, е една од најзначајните ѕвезди во историјата на популарната музика, со продадени повеќе од 200 милиони албуми во светот.