Serdar Bitmez,Safiye Karabacak
27 Ноември 2019•Ажурирај: 29 Ноември 2019
ДОХА
Катарскиот емир, Шеик Тамим бин Хамад ал Тани разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јавува Агенција Анадолија (AA).
Емирот Ал Тани во палатата во Доха денеска го прими Абас кој ја предводи палестинската делегација во официјалната посета на Катар.
Катарската новинска агенција (QNA) јавува дека двајцата лидери разговарале за интензивирање на билатералната соработка, како и за палестинското прашање и ситуацијата на Блискиот Исток.
Палестинската делегација во Доха ќе се состане и со другите официјални претставници на Катар. Не се објавени деталите за траењето и протоколот на посетата.