Alaattin Doğru
22 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ДАКАР
Владата на Камерун призна дека на 14 февруари во подрачјето на Северозападен Англофон војници го извршиле масакрот во кој беа убиени голем број цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Пол Бија во своето обраќање на националното радио соопшти дека во настанот што се случи во февруари во селото Гарбух на подрачјето на областа Ндонга Мантунг, тројца војници и една милициска група спровеле рација врз една база која им припаѓа на англофонските сепаратисти.
Претседателот Бија рекол дека во судирот што настанал се убиени петмина сепаратисти, а војниците и милиционерите подоцна забележале дека од истрелите за време на судирот загинале 10 деца и 3 жени.
Претседателот Бија истакна дека војниците и милиционерите се успаничиле и со цел да ја скријат вистината подметнале пожар.
Откако споменатиот инцидент излезе на виделина, Обединетите нации побараа истрага за докажување на тврдењата дека војниците убиле 13 цивили.
Војската на Камерун настанот го опиша како „несреќен случај“ што се случил за време на безбедносните операции што се спроведуваат во местото на несреќата, соопштувајќи дека за време на судирот куршумите погодиле буриња со нафта, поради што избувнал пожар, зафаќајќи една куќа во која загинале една мајка и четири деца.
- Англофонска криза
До англофонската криза дојде кога Владата во училиштата и судовите во англофонското подрачје испрати лица кои не знаат англиски, по што, во 2016 година започнаа протести.
Сепаратистите под водство на Сисику Ајук Табе, на 1 октомври 2017 година соопштија дека во англофонското подрачје Баменда формирале држава под име Амбазонја.
Лидерот Табе по кого беше пуштена меѓународна потерница, во јануари беше фатен во Нигерија и му беше предаден на Камерун.
Во судирите меѓу безбедноснтие сили и сепаратистите досега животот го загубија стотици лица.
Според последните податоци, во англофонската криза животот го загубија најмалку 3.000 лица, 530.000 лица се раселени во рамките на земјата, а 40.000 лица беа принудени да побараат засолниште во соседните земји.