Dildar Baykan
06 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ЊУЈОРК (АА) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер ја погоди Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е втор силен земјотрес забележан на подрачјето на Калифорнија во последните три дена.
Геолошкиот завод на САД наведе дека епицентарот е регистриран 17 километри североисточно од градот Риџкрест.
Ова е најсилен земјотрес кој ја погоди Калифорнија во последните 20 години.
Јужна Калифорнија во четвртокот ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер.
Епицентарот на земјотресот беше дваесетина километри од градот Риџерст во округот Керн. Потресот се почувствувал и во Лас Вегас.
По земјотресот се забележани уште најмалку 25 посилни потреси.