Zafer Fatih Beyaz
28 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
АНКАРА
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека остро ја осудуваат објавата на француското списание „Шарли Ебдо“ во врска со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин реагираше преку објава на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Остро ја осудуваме објавата на француското списание кое нема почит кон ниту едно верување на светите нешта и на вредностите, во врска со нашиот претседател. Тие само ги откриваат нивното дискредитирање и нивниот неморал. Напаѓање на личните права не е хумор и слобода на изразување. Целта на овие објави, што имаат недостиг на морал и пристојност, е да засадат семиња на омраза и злонамерност“, рече Калин.
Тој нагласи дека претворањето на слободата на изразување во непријателство кон верата и верувањето може да биде производ само на еден болен менталитет.
Калин ги повика сите што имаат здрав разум да го осудат и одбијат ова гадно издаваштво.