Ekip
11 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
КАТАНИЈА
Италијанската планина Етна, еден од активните вулкани на југот на земјата, повторно еруптира вчера, на 10 февруари, исфрлајќи лава и огромен облак од пепел, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вулканот висок 3.326 метри на островот Сицилија еруптира.
Текот на лавата е забележан на падината на вулканот поради ерупцијата што се случи во активниот југоисточен кратер на планината.