Sinan Doğan
28 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
БОГОТА
Семејствата на 2.000 мигранти кои тргнаа кон САД од централноамериканските земји Салвадор, Хондурас, Никарагва и Гватемала, соопштија дека нивните блиски исчезнале во Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својот извештај, Мексиканската федерација на организации за човековите права (FMOPDH) сподели податоци за состојбата на мигрантите кои тргнаа кон подобар живот бегајќи од проблемите како што се насилство, невработеност и сиромаштија во нивните земји.
Во извештајот се наведува дека семејствата на 2.000 мигранти кои тргнаа кон САД од централноамериканските земји Салвадор, Хондурас, Никарагва и Гватемала, истакнале дека нивните блиски исчезнале во Мексико и дека имало насилство врз имигрантите.
Мексиканската федерација на организации за човековите права (FMOPDH) во својот извештај предупреди дека треба да се зајакне меѓународната и регионалната соработка за заштита на мигрантите.
Исто така, во извештајот се посочува дека распоредувањето на над 8.000 припадници на безбедносните сили на Мексико на северните и јужните граници на земјата, со цел запирање на имиграцијата, ќе претставува опасност.
„Мигрантите треба да користат различни патишта, тие се изложени на насилство од страна на организациите за организиран криминал.“
Меѓу другото, во извештајот се забележува дека наркокартелите, искористувајќи го очајот на имигрантите кои мораат да пешачат со недели за да стигнат до Соединетите Американски Држави, ги принудиле да работат за мали надоместоци и дека тоа доведува до сериозно кршење на човековите права.
Гватемала, Хондурас и Салвадор се меѓу земјите што испраќаат најмногу имигранти во САД.
Единицата за обезбедување на границите и царина на САД (CBP) на 2 април соопшти дека бројот на имигранти фатени во обид да ја преминат границата меѓу САД и Мексико во март надминал 171.000 лица, што е најголем број забележан од 2006 година.