Mohamad Misto
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Најмалку 16 цивили загинаа во денешните напади на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад врз Источа Гута, изведени и покрај одлуката за едномесечно примирје во Сирија, која Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ја донесе во саботата, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Цивилната одбрана (Бели шлемови) на социјалните мрежи соопштија дека нападите на режимот започнале околу три часот по полноќ и дека во нападот на Рихан загинале пет цивили, во Дума десет цивил од две семејства, додекаа во Хареста еден цивил.
Така, вклучувајќи и пет лица загинати во текот на вчерашниот ден во Источна Гута, во нападите извршени по усвојувањето на одлуката, загинаа 21 цивил.
Вчера беше соопштено дека последици од нападот со хлор изведен во вечерните часови на подрачјето на Шифоније почувствувале 16 лица.
Нацрт-резолуцијата за прекин на огнот беше предложена од Шведска и Кувајт, а резолуцијата беше усвоена едногласно во саботата во Советот за безбедност на ОН. Со оваа резолуција договорено е 30-дневно примирје во рамките на кое ќе се обезбеди хуманитарна помош и медицинска евакуација.
Во резолуцијата, од сите страни во Сирија е побарано да ги прекинат судирите во период од најмалку 30 дена.