Ahmet Dursun
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за одбрана на Иран, Хусеин Декан, рече дека требало да остане тајна отворањето на воената база Хемедан за руските авиони, сместена во западниот дел од земјата, но дека Москва не постапила во согласност со тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот Декан во емисија во живо на иранската државна телевизија ја обвини Русија дека со информирање на медиумите за користење на воената база, сакале „да привлечат внимание“.
Со непочитувањето на тајноста околу користењето на воената база, Русија го покажа својот навредувачки став, рече министерот Декан.
Декан го бранеше ставот дека воената база не ѝ била доделена на Русија, туку дека Русија одреден период ограничено ќе ја користи базата и тој период ќе може да се менува во зависност од состојбата во Сирија.
Минатата недела по воздушните напади врз Сирија, на руските авиони-бомбардери им беше дадена на користење воздушната база во Хемедан, во западниот дел на Иран. По Исламската револуција од 1979 година во Иран, за првпат ѝ е дозволено на една странска земја да користи воен објект. Владата соопшти дека не станува збор за неуставно користење на базата од страна на една странска земја, туку дека тоа е делумна соработка меѓу двете држави.
Одредени пратеници на претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани, му ги пренесоа своите забелешки дека со користењето на воената база од страна на руските авиони се крши уставот.
Лариџани во медиумите го бранеше ставот дека се неточни информациите оти Иран ѝ дозволил на руската војска да ја користи базата.
„Иран, како сојузник, има соработка со Русија околу регионалните проблеми, како што е Сирија. Оваа соработка не подразбира дека ѝ ја дадовме базата на користење на Русија. Иран на руската или на војска на некоја друга држава не ѝ има доделено база на користење.“
Претседателот на Комисијата за надворешна политика и национална безбедност во иранскиот Парламент, Аладин Буруџерди, имаше соопштено дека со одлука на Врховниот совет за национална безбедност, на руските авиони им е дозволено користење на воздушната базата Хемедан, во западниот дел на земјата, само за полнење гориво на воените авиони.