Mohamed Sabry Emam Muhammed
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
КАИРО (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денес изјави дека „нема причина за судир помеѓу египетскиот и турскиот народ”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за трите египетски провладини дневни весници, претседателот на Египет зборувајќи за односите на Турција и Египет, истакна дека нема причина за непријателство.
„Ние им даваме време (на Турција) да ја преиспитаат својата позиција”, изјави Ал-Сиси.
Односите помеѓу двете земји се нарушени откатко египетската армија под водство на Ал-Сиси во 2013 година во државниот удар го собори Мухамед Мурси, првиот демократски избран претседател на Египет.
Турција го критикуваше таквото соборување. Минатата недела, турскиот премиер, Бинали Јилдирим изјави дека Турција сака да ги обнови своите врски со Египет.
„Мислам дека е потребно да се развијат економски и културни врски со Египет, како земји кои ги користат двете страни на Медитеранот”, изјави тогаш Јилдирим.