Tolga Akbaba
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Руската и иранската морнарица се подготвуваат за заедничка воена вежба во Каспиското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на иранските поморски сили, Хусеин Ханзади, изјави дека Иран и Русија ја интензивирале воената соработка.
Најавената руско-иранска воена вежба ќе биде проекција на заедничко учество во спасувачка операција на вода.
„Имаме добри односи во каспискиот регион и за тоа се свесни и земјите кои гравитираат кон тој регион“, рече Ханзади.
Истакнувајќи дека Каспиското Море претставува симбол на мирот и пријателството, Ханзади нагласи дека право на воено присуство имаат единствено земјите од тој регион, и дека Иран нема да дозволи појава на сили на ниедна земја од остатокот од светот.