Mustafa Melih Ahıshalı
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак се искачи на десет лица, додека најмалку 377 лица се приведени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на иранската работничка новинска агенција ИЛНА, прaтеникот од иранската покраина Хузистан, Хидајетула Хадими, во својот говор во Парламентот соопшти дека во вчерашните протести во градот Изе, загинале 2 лица.
Според соопштеното, од четвртокот до денес во протестите низ земјата загинале 10 лица.
Се истакнува и дека 377 лица се приведени од кои 200 во градот Техеран, 100 во градот Ерак, 60 во Исфахан, 10 во покраината Западен Азербејџан, и 7 лица во подрачјето на Ребаткерим.
Група жители, кои во четвртокот се собраа во градот Мешхед без повик од ниедна политичка партија, започнаа со демонстрации против економските услови во земјата. Демонстрациите се претворија во антивладини протести и се проширија во повеќе градови низ земјата.