Mustafa Melih Ahıshalı
04 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Според веста на веб-страницата „dolat.ir“, која е во сопственост на Владата на Иран, официјално започнал процесот на збогатување на ураниумот за 20 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што пишува во веста, портпаролот на иранската Влада, Али Ребии, истакнува:
„Претседателот Хасан Рохани неодамна нареди спроведување на Законот за стратегиско дејствување. Пред неколку часа започна вбризгување на гасот и првиот производ ‘UF6‘ збогатен со ураниум ќе се добие за неколку часа.“
Ребии истакна дека процесот е извршен откако била информирана Меѓународната агенција за атомска енергија.
Али Акбар Салихи, шефот на Иранската агенција за атомска енергија, во петокот, на 1 јануари, рече дека ја известиле Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA) дека ќе збогатуваат ураниум за 20 проценти во согласност со релевантниот закон.
Салихи неодамна најави дека ќе збогатуваат ураниум за 20 проценти доколку претседателот Рохани даде упатства.
По убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде, законот беше донесен во Собранието и одобрен.
Законот ја обврзува иранската Управа за атомска енергија да започне со збогатување на ураниум за 20 проценти и да ги зголеми залихите на збогатен ураниум на ниско ниво.
Нуклеарниот договор на Иран му дозволуваше да го збогатува ураниум најмногу до 3,67 проценти. Откако ги запре своите обврски од договорот како одговор на американските санкции, Иран го одржуваше збогатеното ниво на ураниум на 4,5 проценти.