Ahmet Dursun
03 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
АНКАРА (АА) - Иран, осудувајќи ја посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, порача дека „без двоумење ја поддржува политиката на една Кина“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Кенани, рече: „Иран, почитувањето на територијалниот интегритет на земјите го смета како основа на својата надворешна политика. Во овој контекст, без двоумење ја поддржува политиката на една Кина.“
Подвлекувајќи дека почитувањето на територијалниот интегритет на земјите е еден од основните принципи на Обединетите нации, Кенани истакна дека во последно време американската администрација се обидела да интервенира во внатрешните работи на Кина и дека презела чекори кои предизвикуваат тензии во однос на нарушувањето на територијалниот интегритет на оваа земја.
Кенани, наведувајќи дека Иран го осудува ваквиот пристап на САД, кој предизвикува тензии и во Кина и во различни региони во светот, нагласи дека „едностраните чекори на Вашингтон кои го прекршуваат суверенитетот на земјите, само ја зголемиле нестабилноста и ги влошиле конфликтите меѓу земјите“.
- Посетата на Пелоси на Тајван -
Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД, го посети Тајван, и покрај приговорите на Кина.
Кина, која го гледа Тајван како дел од својата територија, го повика американскиот амбасадор во Пекинг, Николас Брнс, во Министерството за надворешни работи веднаш по слетувањето на авионот на Пелоси во Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека за овој потег „ќе ја плати цената“.
Кинеското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека ќе одржи „низа воени вежби“ околу островот Тајван.
Пелоси е првиот претседател на Претставничкиот дом на САД кој го посетил островот во последните 25 години.
Претходно во 1997 година, Њут Гингрич го посети Тајван додека беше на таа функција.