свет

Ирак и Иран се обидуваат да ги зајакнат трговските врски

Американската Амбасада во Багдад на 9 ноември објави дека САД за Ирак издале 45-дневно изземање од американските санкции кон Иран во однос на увозот на природен гас и електрична енергија.

Ekip  | 17.11.2018 - Обновена : 18.11.2018
Ирак и Иран се обидуваат да ги зајакнат трговските врски

Bagdad

БАГДАД (АА) - Ирачкиот претседател Бахрам Салих денес изјави дека Ирак и Иран се обидуваат да го зајакнат обемот на нивната трговска размена, јавува Anadolu Agency (AA).

„Имаме блиски односи со Иран и заинтересирани сме за нивен развој“, изјави Салих на прес-конференцијата по разговорите со неговиот ирански колега Хасан Рохани во Техеран.

„Време е да се воспостави регионален систем кој му служи на народот на регионот“, изјави Салих.

„Сакаме Ирак да биде област за примирје меѓу земјите на регионот, а не област за конфликт“, изјави тој, осврнувајќи се на моменталната тензија меѓу САД и Иран.

Посетата на Салих на Иран е прва негова посета како ирачки претседател, откако ја презеде оваа функција минатиот месец.

Рохани изјави дека во разговорите со ирачкиот лидер се осврнале на енергетската соработка меѓу двете земји.

„Ние, исто така дискутиравме за продолжување на железничката линија меѓу иранскиот град Шаламја и Басра во јужниот дел на Ирак“, изјави тој.

„Сакаме да го зголемиме волуменот на трговската размена со Ирак на 20 милијарди долари годишно“, изјави Рохани.

Американската Амбасада во Багдад на 9 ноември објави дека САД за Ирак издале 45-дневно изземање од американските санкции кон Иран во однос на увозот на природен гас и електрична енергија.

Ирак, кој се бори со прекини и недоволно производство на електрична енергија, се потпира на својот сосед за увоз на природен гас за своите централи.

На 5 ноември официјално започна вториот бран обновени санкции на САД кон Иран, кој е третиот најголем производител на Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC). Овие санкции се насочени кон иранскиот енергетски, бродоградски, бродски и финансиски сектор и опфаќа 50 ирански банки и повеќе од 700 компании и лица.

САД претходно објавија и дека осум земји - Кина, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција - добиваат 180 дена привремено изземање од економските санкции во однос на увозот на иранската сурова нафта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın