Mohamed Sabry Emam Muhammed
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ДИЈАЛА (АА) - Двајца ирачки војници загинаа денес во напад на ДЕАШ врз воздушна база во источен Ирак, соопшти ирачки полициски службеник, јавува Anadolu Agency (AA).
Четворица бомбаши на ДЕАШ се обидоа да извршат упад во воздушната база „Каркош“ во источната ирачка покраина Дијала, вели полицискиот капетан Хабиб aл-Шемари за AА.
„Безбедносните служби ги фатија бомбашите и неутрализираа двајца од нив“, вели тој.
Според Ал-Шемари, припадници на воените сили тргнаа во потера по двајцата други бомбаши и ги неутрализираа.
„Двајца војници загинаа, а други се повредени во судирите што следуваа“, вели тој.
Ирачките сили, поддржани од воздух од коалицијата предводена од САД, моментално се вклучени во голема офанзива со цел расчистување на ДЕАШ од Мосул.