?kipa
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
САЛАХУДИН (АА) - Во напад на ирачката авијација во Салахудин, северен Ирак, убиени се десетици припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на воената област Салахудин, Саид Мухамад, во изјава за АА рече дека цел на ирачката авијација биле четири локации во населеното место Шеркат, каде што е претходно утврдено дека се наоѓаат засолништа на терористите на ДЕАШ.
Тој рече дека во бомбардирањето се уништени командата, повеќе воени возила, складиште за муниција на ДЕАШ, како и дека се убиени десетици терористи.
Од друга страна, во Киркук, во северниот дел на земјата, во напад на терористите е убиен офицер на силите на Пешмерга.
Терористите на ДЕАШ го зазедоа Шеркат во 2014 година. Ирачките сили во 2016 година ослободија дел од градот, каде што живеат околу 200.000 луѓе, а терористите на ДЕАШ и понатаму ги контролираат источните делови на Шеркат.