Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
СЕУЛ (АА) - Обид на еден севернокорејски војник да се дезертира во Јужна Кореја предизвика инцидент и доведе до раб на судир на границата меѓу двете Кореи, јавува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската војска соопшти дека еден 19 годишен севернокорејски војник се обидел да премине на територијата на Јужна Кореја во пограничниот појас, и дека група негови колеги тргнала по него во обид да го одвратат од бегство.
Пограничните сили на Јужна Кореја испукаа 20 куршуми во воздух како предупредување на војниците од друга страна да не се приближуваат на границата.
Портпаролот на јужнокорејската војска Рох Јае-Чеон соопшти дека војската на Северна Кореја испукала десетици куршуми и дека во тек е истрагата за инцидентот кој е завршен со повлекување на севернокорејските војници.
Тоа беше четврт обид на војниците да дезертираат од северната на јужната страна на границата.
Од завршувањето на Корејската војна во изминатие шест децении во Јужна Кореја побегнаа најмалку 30.000 Севернокорејци.