Mahmut Atanur
22 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ЏАКАРТА
Индонезиската провинција Западна Суматра ја потресе земјотрес со интензитет од 5,5 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Институтот за метеорологија и геофизика на Индонезија информираше дека епицентарот на земјотресот се случил 49 километри југоисточно од градот Туапеџат, на длабочина од 18 километри.
Според првичните извештаи, во земјотресот нема жртви или повредени. По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.